Светскиот Северџанистански Македонски Конгрес (ССМК) најостро го осудува натамошното оштетување и корнење на железните натписи со имињата на спомениците во центарот на Градот Скопје, најпрво по мостовите на уметноста и цивилизациите пред Археолошкиот музеј на Македонија и Јавното обвинителство на Македонија, а сега и на потегот помеѓу двата моста.
ССМК бара засилени мерки на претпазливост со скриени камери поради детектирање на сторителите на овој арамилак и демолирање и санкционирање на сите кои го уништуваат културно-историското наследство и спомениците во главниот град на државата Македонија.
ССМК апелира до Градот Скопје да води грижа за заштитата на спомениците на културата од сквернавење и да превзема мерки за најбрза санација на оштетувањата.
Повеќе на тема – Македонија