2 септември 2023 година, Берлин, СР Германија – По повод 84 годишнината, Светскиот Македонски Конгрес (СМК) изразува сочувство за жртвите во Втората Светска Војна, која во Европа започна на 1 септември 1939 година со германската инвазија на Полска, а заврши на 8 мај 1945 со капитулацијата на нацистичка Германија.
Во Втората Светска Војна учестуваа 61 држава со околу две милијарди луѓе, биле мобилизирани околу 115 милиони луѓе, а убиени околу 60 милиони војници и цивили.
Македонија беше дел од анти-фашистичката коалиција во Втората Светска Војна.
По одбивањето на барањето на сојузниците за безусловна капитулација од страна на Јапонија, по команда на претседателот Труман, САД ги фрлиле првите атомски бомби врз јапонските градови Хирошима на 6 август 1945 и Нагасаки на 9 август 1945 година. На 9 август 1945 година, СССР започнал со советската инвазија на Манџурија, која завршила на 20 август 1945 година со одлучна победа на советските сили. Јапонија капитулирала на 2 септември 1945 година, со што и официјално завршила Втората Светска Војна.
Во Втората Светска Војна загинаа од 62.171.600 до 79.184.700 луѓе, или 3,17-4,00% од тогаш 1.995.537.400 вкупно население во светот, од кои воени жртви од 22.426.600 до 25.487.500, а цивилни жртви од 37.585.300 до 55.883.000.
Во поранешна СФР Југославија загинаа од 1.027.000 до 1.700.000 луѓе, или 6,67 до 11,0% од тогаш 15.400.000 вкупно население, од кои воени жртви од 300.000 до 446.000, а цивилни жртви од 581.000 до 1.400.000.
Најмногу жртви во Втората Светска Војна во победата над фашизмот даде Русија со 23.400.000 луѓе(1), или 13,88% од тогаш 168.524.000 вкупно население, од кои воени жртви од 8.800.000 до 10.700.000, а цивилни жртви од 12.700.000 до 14.600.000.
Во времето на завршните операции за ослободувањето на Македонија, под командата на Главниот штаб на Народно-ослободителната војска на Македонија и Партизанските одреди на Македонија имало околу 85.000 борци, со 7 дивизии и 3 корпуси, меѓу кои и околу 10.000 борци и заднински соработници од Егејскиот и Пиринскиот дел на Македонија.
По капитулацијата на Царството Бугарија, германските и бугарските фашистички окупаторски сили од Македонија се повлекле со големи загуби. Целосното ослободување на Вардарскиот дел на Македонија завршило со ослободувањето на Гостивар и Тетово од балистичките формации – колаборационисти со италијанските фашисти. Македонските дивизии учествувале во ослободувањето на Косово и Јужна Србија, а Петнаесеттиот македонски корпус составен од 22.000 борци, зеде учество и во завршните операции за ослободувањето на тогашна Југославија. Македонскиот народ во Вардарскиорт дел на Македонија ја заврши војната со околу 25.000 загинати борци и жртви во кои имаше припадници и од сите народности и депортацијата на 7.144 Евреи од Македонија од бугарските фашисти во концентрациониот логор Треблинка во Полска. Македонците учествуваа и во партизанските движења на сите соседни земји, давајќи значителен придонес и бројни жртви во антифашистичката војна и ослободувањето од фашизмот во Албанија, Бугарија, Грција и Србија, односно поранешна СФР Југославија, на Балканот и во Европа!
СМК изразува длабок поклон пред антифашистичката и народно-ослободителната војна на Македонскиот народ во Втората Светска Војна за ослободување и обединување на Македонија, крунисана со Првото заседание на Анти-фашистичкото Собрание на народното ослободување на Македонија одржано на 2 август 1944 година во Македонскиот манастир “Свети Отец Прохор Пчињски“!
Втората Светска Војна, Македонија ја заврши со Македонската војска со околу 153.000 борци, војници и офицери. Само во Вардарскиот дел на Македонија биле убиени околу 24.000 борци, 9.000 цивили и 7.144 македонски Евреи 1943 година депортирани во концентрациониот логор во Треблинка од бугарските фашистички окупатори во Македонија.
Во Граѓанската војна во Елада од 51.000 загинати борци на Демократската Армија на Грција (ДАГ), 21.000 од нив биле Македонци, од 1945 до 1949 година грчките владини сили стрелале околу 6.000 Македонци и Грци, околу 40.000 грчки граѓани меѓу кои и голем број на Македoнци биле интернирани на грчките острови, околу 90.000 Македонци и Грци емигрирале поради владината репресивна политика, околу 50.000 Македонци пребегнале во Југославија а околу 20.000 Македонци во Советскиот Сојуз и источноевропските држави. Бугарските фашисти во логорите на смртта во Полска депортираа 11.400 Евреи од Егејскиот дел на Македонија и Тракија.
Вечна им слава на загинатите борци во Втората Светска Војна и траен помен на цивилните жртви! Вечна им слава на сите загинати Македонци по род и државјансто за победата над наци-фашизмот во Втората Светска Војна и ослободувањето на Македонија.
Простуваме, не забораваме, било да не се повтори.
Никогаш северна, само Македонија вечна од исконот до бескрајот. Амин.
(1) официјални извори на Русија наведуваат околу 27.000.000 жртви од Советскиот сојуз.