SolunFM

Интервју: Сашо Гилевски сведок за масакрот кај Вејце

Командирот на водот, на масакрираната патрола кај Вејце на 28 април 2001 год Сашо Гилевски денес на Македонската радио програма од Мелбурн се сеќава на часот пред своите соборци да ги испрати на последната задача. Тој во интервјуто изрази жалење, мачнина, болка, гнев, револт и сомнеж. Сашо го обземаа измешани чувства. Тој е еден од преживеаните бранители на масакрот кај селото Вејце во 2001 година, во обидот да се присети на настанот во кој беа масакрирани четворица битолски бранители, негови другари и соборци. Марјан Божиновски (27), Кире Костадиновски (24), Бошко Најдовски (25) и Илче Стојановски (24), на 28 април пред 12 години, крвнички беа убиени во заседа од група терористи, додека го контролираа теренот кај Вејце преку микрофонот се пренесуваше и чемерот во неговите гради. Тројца од нив живи гореле како свеќи, а на четвртиот му бил пресечен гркланот.

Првата слика на командирот Гилевски: истрчав, ама што да видам: Марјан, Кире и Бошко горат. Малку потаму лежеа мртви и припадниците на ’волците’, тие не беа запалени. Очигледно беше изживувањето врз нив. Беа удирани со кундаци по лицето, на еден мозокот му беше истурен, очите им беа вадени со нож. Беа потурени со газија, мирисот се чувствуваше во воздухот. Бошко и Кире лежеа еден до друг во пламен, а Марјан беше малку понастрана од нив. Ѕверови да беа немаше таков масакар да направат. Гилевски се сомнева дека масакрот бил планиран и наместен. По војната за Сашо Гилевски, ангажманот не завршува, туку тој е активно ангажиран уште четири години подоцна, сè додека не се стабилизираат состојбите во Тетовско и Кумановско. За да биде иронија поголема, Сашо обелодени дека во во 2011 год бо Охрид за десетгодишнината од Охридскиот рамковен договор го обезбедувал Ахмети. Наредба?! Инаку, Сашо Гилевски од чин Мајор во 2001 година деградиран е во поручник и денес работи во селото Новаци, Битола. Тој со нетрпение го чека денот кога вистината за Вејце и убијците и предавниците ќе бидат изведени пред лицето на правдата. Исто така го чека и денот кога барем еден Бранител ќе биде награден и пофален од државата Македонија.

Барем една железна значка да ни дадат.

Повеќе на тема – Контурите на „Голема Албанија“ на новата карта на „Балканот„(Македонскиот Полуостров), кои Западот ги игнорира